Поврзуваме индустријата со квалитетни кабли
Ние сме компанија специјализирана за производство на специјални кабли во областа на интернетот и комуникацијата, LAN кабли, коаксијални, индустриски, алармни, пожарно дојавни, кабел за звучници и слични специјални кабли. Со современа технологија, професионален тим и постојана контрола на квалитетот, создаваме производи кои обезбедуваат сигурност, издржливост и високи перформанси.
Да бидеме најдоверлив партнер за кабли во регионот
Нашата мисија е да понудиме доверливи и иновативни решенија кои ги исполнуваат потребите на домашниот и меѓународниот пазар. Посветени сме на квалитет, прецизност и навремена испорака, со фокус на долгорочна соработка и задоволство на клиентите.
Со години искуство и континуирано инвестирање во развој и модернизација, успешно градиме репутација на сигурен партнер во кабелската индустрија. Нашите производи се изработуваат според високи стандарди и се наменети за безбедна и ефикасна примена во различни сектори.
Веруваме дека успехот се темели на доверба, квалитет и постојано унапредување — вредности кои се основа на нашето работење.
Квалитет без компромис
Секој кабел доаѓа со целосна техничка документација и сертификати за сообразност според ЕУ стандарди.
Партнерски пристап
Не сме само добавувач — нашиот тим од инженери ви помага со избор на спецификации и технички совети.
Фокус на решенија
Комплетен асортиман од 300+ типови кабли покрива LAN, контролни, индустриски, алармни и енергетски потреби.
Клучни моменти
Регистрација на фирмата со шифра на дејност производство на електронски составни делови и компоненти.
Изградба на производна хала и опремување со целосно автоматизирана производна машинерија за производство и пакување на сите типови кабли од асортиманот.
Најголем процент од пазарот во Македонија
Алевадо Енерџи денеска покрива најголем процент од пазарот во Македонија, редовно извезува на пазарите во Хрватска, Словенија, Грција, Босна и Херцеговина и Косово, со тенденција на постојано зголемување. Цел на компанијата е во наредниот период да го прошири своето присуство и во други земји од Европската Унија.
+ тенденција на проширување во ЕУ